Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ од областа на безбедноста и одбраната, Скопје е формирано со слободно здружување заради усогласување и остварување на интересите и целите за заштита и унапредување на безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија
Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ како здружение на граѓани, своите цели, задачи и дејности ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот на Република Северна Македонија, со Статутот на здружението и Статутот на Сојузот на здруженија на Република Северна Македонија, како и со другите законски норми кои ја регулираат материјата од оваа област.
Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ е доброволна, невладина, непартиска и непрофитна организација.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НАЧИН НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ
Граѓаните се здружени во Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ заради остварување на пошироки заеднички интереси, а како посебни цели и задачи се:
- Развивање на свеста на јавноста и граѓаните за неопходноста од сопствен систем за одбрана на Републиката и придобивките од нашето членството во НАТО;
- Организирање на научни средби, конференции, манифестации и други настани во функција на одбраната и безбедноста на Републиката;
- Информирање на јавноста и граѓаните за актуелни воено безбедносни состојби во државата, регионот и светот и за нивното влијание на безбедноста и одбраната на Републиката;
- Активно учество во изработка на стратегиски документи од областа на безбедноста и одбраната по барање на Министерството за одбрана и Генерал штабот на Армијата;
- Соработка со надлежните државни органи, мистерства, дирекции и агенции, во подобрување и одржување на системот за одбрана на Републиката;
- Афирмирање на воената служба во Армијата и Министерството за одбрана меѓу младината во Републиката;
- Одбележување на значајни настани и јубилеи од нашата блиска и подалечна историја;
- Следење на законските и подзаконски прописи од областа на безбедноста и одбраната на Републиката;
- Издавање на публикации, монографии, брошури и други материјали за популаризација на Здружението, за војничката професија, за Армијата и одбраната, како и за афирмација на борбените и историски традиции на македонскиот народ и заедниците од Републиката;
- Соработка со сродни здруженија од Републиката и регионот;
- Грижа за статусните прашања, правата и обврските на членовите на Здружението.
Член на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ може да биде секој генерал од Републиката (во активна служба или во пензија) кој го прифаќа овој Статут.
Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ го претставува и застапува Претседателот на Здружението, а во негово отсуство Потпретседалот на Здружението.
Работата на Здружението е транспарентна, односно јавна. Транспарентноста во работењето на Здружението се остварува:
- Со редовно информирање на членовите за работата и активностите на
Здружението;
- Со давање на увид и отчет на членовите за спроведувањето на програмските цели и задачи на Здружението;
- Со поднесување на извештаи за работата на органите и телата на Здружението и за материјално-финансиското работење и
- Преку издавање публикации, моногафии, брошури и други материјали.
Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ ја информира јавноста и граѓаните за своите активности преку средствата за јано информирање со соопштенија.