Бригаден Генерал Дејан Чиплаковски назначен за командант на 1.пешадиска бригада

На ден 11.09.2024 година, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец,  се одржа воена свеченост по повод прием на должноста командант на 1.пешадиска бригада од составот на Командата за операции .

Со укази на претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска Давкова во чин бригаден генерал е унапреден полковник Дејан Чиплаковски и поставен за командант на 1.пешадиска бригада. Бригадниот генерал Дејан Чиплаковски претходно ја извршуваше должноста началник на Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции во Командата за обука и доктрини, а во текот на неговата воена кариера извршувал повеќе командирски и штабни должности.

Бригадниот генерал Дејан Чиплаковски во својот говор изрази благодарност до државното и военото раководство, како и до сите поранешни и сегашни претпоставени кои со своето знаење, искуство, поддршка и менторство го водеа низ војничката кариера .Тој во своето обраќање потенцираше дека активно ќе работи согласно уставот и законите и ќе даде максимален придонес за зачувување на слободата и сувереноста на нашата земја.

На  свеченост присуствуваа  и  активни и пензионирани генерали  од Клубот на Генерали. Клубот на Генерали на бригадниот генерал Дејан Чиплакоски му изразува искрени честитки и му пасакува плодна и успешна работа.

Останати активности:

10.10.2024
Клубот на генерали  оствари  средба со Собраниската Комисија за одбрана и бебедност
18.08.2024
Одбележување на денот на Армијата