Годишно собрание на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ

Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ, за актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната, Скопје на 28. март 2023 година во своите простории во Домот на Армијата во Скопје, го одржа своето редовно годишно собрание, на кое учество земаа сите членови на Здружението, како и генералите кои не се членовии, како и претставници на сродни здруженија и невладини организации, во својство гости на ова собрание.

Оваа година не изборна година, па така годишно собрание се оджа според сценарио предвидено со Статутот на Здружението. Годишното собрание го отвори секретарот на Здружението, генерал Зоран Димов, а потоа се изврши избор на работно претседателство на собранието во состав, генерал Зоран Димов, генерал Мирослав Стојановски и генерал Азим Нуредин. Пред присутните членови и гостите реферати за работењето на Здружението за периодот на минатата година поднесоа претседателот на извршниот одбор воедно и на Здружението, генерал Павле Арсоски и член на надзорниот одбор генерал Насер Сејдини.



Претседателот на Здружението, генерал Павле Арсоски ги информираше присутните дека дополнително на Програмата за работа, два клучни проекти на кои работеше изминатата година актуелното раководство се пред успешно завршување, а кои се од витално значење за опстојување на Здружението. Првиот е обезбедување на работни простории на Здружението, за што имаше позитивен однос од Минисетрствто за одбрана, донесена е одлука на Владата за доделување на простории во Домот на Амијата на 10 години за потребите на Здружението и ќе следува потпишување на договор за користење помеѓу министерката за одбрана и претседателот на Здружението. Вториот е обезбедување на стабилно финансирање на активностите на Здружението, за што се преземени низа чекори истото да биде реализирано од буџетот на Министерството за одбрана.



Пред присутните беше презентирана и Програма за работа за периодот март 2023-март 2024 година, претходно изработена од извршниот одбор и одобрена од надзорниот одбор на Здружението. На истата имаше предлозите на членовите за дополнителни активности и содржини, кои беа инкорпорирани во Програмата за работа и како таква беше едногласно усвоена од присутните.

Кон крајот на работата на годишното собрание, на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ се приклучија и генералите, Зоран Милески, Сашко Лафчиски, Мирче Ѓоргоски и Методи Стамболиски. Со ова Регистарот на членови на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ се зголеми на 32 члена.

Како заклучок од дискусиите може да се истакне дека членовите на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ се задоволни од работењето на извршниот и надзорниот одбор и даваат целосна подршка за продолжување на делувањето на Здружението.

Останати активности:

10.10.2024
Клубот на генерали  оствари  средба со Собраниската Комисија за одбрана и бебедност
12.09.2024
Бригаден Генерал Дејан Чиплаковски назначен за командант на 1.пешадиска бригада