Годишно воедно изборно собрание на Здружението Клуб на генерали

На 18. Март 2022 година се одржа годишно собрание на Здружението Клуб на генерали кое воедно оваа година беше и изборно собрание. Изборот на новото раководство на Здружението беше извршено на Годишното собрание на Здружението кое се одржа во Домот на Армијата во Скопје, на кое присуствуваа речиси сите членови – активни и пензионирани генерали.

За нов претседател на Здружението „КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ-Скопје“ е избран генерал д-р Павле Арсоски, за нов потпретседател избран е генарал д-р Мухамед Рацај, додека нов претседател на Надзорен одбор на здружението е генерал д-р Методи Хаџи Јанев.



Генералот Арсоски го наследи досегашниот претседател на Здружението, генерал Зоран Димов на кого му заврши мандатот. Генерал Димов во извештајот за работата на Клубот на Генерали за периодот од 2020-2021 истакна дека и покрај ограничувањата предизвикани од пандемијата со корона вирусот, сите предвидени активности беа реализирани. Пред присутните беше презентирана и Предлог програмата за работа за 2022 година.

Годинава Клубот на генерали одбележува свој јубилеј – 10 години од неговото основање,
а активно ќе се вклучи и во прославата на Големиот јубилеј- 30 години од формирање на
македонската армија.



Клубот на Генерали е здружение кое е основано во 2012 година и во кое членуваат армиски генерали меѓу кои и поранешни команданти и началници на Генералштабот на АРМ , чија главна цел е да се бави со актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната на државата.

Здружение КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ-Скопје
Ул. „Македонија“-Дом на АРМ-Скопје

Останати активности:

10.10.2024
Клубот на генерали  оствари  средба со Собраниската Комисија за одбрана и бебедност
12.09.2024
Бригаден Генерал Дејан Чиплаковски назначен за командант на 1.пешадиска бригада