Научна конференција

На 28-ми март 2022 година, со почеток во 11.00 часот во Домот на Армијата во Скопје се одржа трибина на тема „30 години развој на Армијата – формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“.

Трибината која беше во организација на Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, со поддршка на Министерството за одбрана и Армијата, го означи почетокот на активностите за одбележување на триесет годишниот јубилеј на Армијата.



На трибината со свое обраќање настапија: Претседателот и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, првиот началник на Генералштабот, генерал Митре Арсовски, Н.Е. Амбасадор Виктор Габер, генерал-мајор д-р Павле Арсоски и други учесници.

Трибината ја отвори генералот во пензија Филип Котели, претседател на Иницијативниот
одбор на Асоцијацијата, а со истата модерираше и поднесе воведно излагање д-р Благоја Марковски, претседател на Балкански форум за безбедност. Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили проф. д-р Стево Пендаровски во своето обраќање истакна дека Армијата во изминатите 30 години, целосно се трансформираше, модернизацијата се одвиваше во согласност со стандардите на Алијансата фаќајќи го чекорот со најновите трендови во одбраната, а стекнуваше искуство и на бројни меѓународни воени вежби и со активно учество во повеќе мировни мисии предводени од ОН, од ЕУ, НАТО и од нашите стратешки партнери на билатерална основа зајакнувајќи го нашиот меѓународен кредибилитет затоа што не препознаваа како држава која генерира стабилност во поширокото опкружување. Министерката за одбрана Славјанка Петровска на трибината, честитајќи го триесетгодишниот јубилеј на сите кои придонеле во развојот на Армијата од нејзиното воспоставување до денеска, истакна дека во изминатите три децении поминати се низа падови и подеми, но и посветена работа во спроведување на реформи во одбранбениот сектор и зајакнување на одбранбените капацитети и способности, за да на 27 март 2020 година, земјата го исполни долгогодишниот надворешно политички приоритет – членството во Алијансата. Со тоа добивме уверлива безбедносна гаранција во крајно комплексното, динамично и непредвидливо современо безбедносно опкружување.

На трибината обраќања имаа и првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски и првиот началник на Генералштабот, генерал Митре Арсовски, aмбасадорот Виктор Габер, генерал-мајорот д-р Павле Арсоски, како и други говорници кои ги споделија искуствата од самите почетоци на државно-правните акти, значајни за етаблирање на (тогаш) Република Македонија како меѓународен субјект во 1992 година и, во тој контекст, создадените услови за формирање и историски развој на Армијата.

Трибината, преку стручната експертиза и аналитичкото согледување од страна на соговорниците, како и нивните експертски и политички видувања за достигнувањата на одбраната на Република Северна Македонија го дадоа својот инпут во можните натамошни предизвици и правци на развој на одбраната, како дел од колективната одбрана.

Останати активности:

17.10.2024
Одбележување на денот на Командата за операции
11.10.2024
Одбележување на 11 Октомври