Одбележување на 17ти Октомври – Ден на Командата за операции

Членовите на здружението Клуб на генерали во кое членуваат сите активни и најголем дел од пензионираните генерали, денес присуствуваа на воена свеченост во кумановската касарна „народен херој Боро Менков“ со која се одбележи 17. октомври – Ден на Командата за операции.

Командата за операции е чувар на традицијата на македонското востание во Кресна и околината, кренато на 17. октомври 1878 година, за време на кое е формиран Штаб на востанието кој својата дејност ја потврдувал со „Печат началник штаба на македонското восаните-1878“.

Големата источна криза (18751881) година, Руско-турската војнаСанстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија. Револуционерниот дух кај македонскиот народ сè повеќе растел, особено по востанието во Босна и Херцеговина и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна. Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија, но останување во рамките на Османлиското Царство.

Востанието започнало на 17. октомври 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон, на востаниците им се предале 109 турски војници. По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во МелничкоБеровскоДелчевско и Демир хисарско. Со тоа се створила голема слободна територија.

Веднаш по востанието било формирана полициска управа. Во сите ослободени места била воспоставена народна власт, а народот без разлика на националната и верска припадност (Македонци, Турци, христијани, муслимани) бил целосно ослободен од сите даноци.

Еден од раководителите на востанието – Димитар Поп-Георгиев Беровски, секогаш во својата коресподенција се потипишувал како Началникот на Штабот на Македонското востание, а писмата испратени до комитетот во Горна Џумаја се адресирани како до Џумајскиот македонски комитет.

Останати активности:

11.10.2023
Одбележување на 11ти Октомври
09.08.2023
Одбележување на 120 години од Илинденското востание