Одбележување на денот на Армијата

По повод денот на Македонската Армија, денес, на пригоден начин во Центарот за обука на вода во Охрид, во присуство на воениот и државен врв, активните и генералите во пензија, се одржа централната свеченост со која се одбележа 18ти август-Денот на Армијата.

Во рамки на свеченоста, се изврши и примопредавање на должноста началник на генералштабот помеѓу генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Во рамки на сценариото се изврши церемонијално предавање на военото знаме на генералштабот со што официјално генерал-мајор Сашко Лафчиски застана на чело на Армијата како дванаесетти началник на генералштабот. Здружението Клуб на Генерали, на својот член генерал-мајор Сашко Лафчиски му изразува искрени честитки и успешна и плодна работа на новата должност.

Останати активности:

10.10.2024
Клубот на генерали  оствари  средба со Собраниската Комисија за одбрана и бебедност
12.09.2024
Бригаден Генерал Дејан Чиплаковски назначен за командант на 1.пешадиска бригада