Одбележување на 11ти Октомври

Делегација на здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ во состав претседател генерал Павле Арсоски, секретар генерал Зоран Димов и член на извршниот одбор генерал Драган Андрески денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на народно востание на македонскиот народ во Скопје.

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ се празнува на 11. октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот во 1941 година и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ и е важен датум во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Останати активности:

16.10.2023
Одбележување на 17ти Октомври – Ден на Командата за операции
09.08.2023
Одбележување на 120 години од Илинденското востание