Плакета и почесно членство за министерката Петровска од Клубот на генерали, во знак на благодарност за поддршката на ова здружение кое е важен дел од одбранбениот систем

Денеска (11. декември 2023) во Клубот на генерали, здружение чии членови се пензионирани и активни генерали во Армијата на Република Северна Македонија, претседателот на здружението, генералот во пензија Павле Арсоски на министерката за одбрана Славјанка Петровска и врачи Плакета и почесно членство, во име на одличната соработка помеѓу Министерството и Клубот, како и континуираната поддршка од страна на министерката за ова здружение кое е важен сегмент во одбранбениот систем.

Министерката Петровска при посетата на Клубот истакна дека од искуството на пензионираните генерали бенефит имаат и одбраната и Армијата и изрази задоволство што членовите на ова Здружение активно придонесуваат кон развојот на одбранбениот систем.

„Во изминатите две години како министерка за одбрана имав целосна поддршка и од активните и од пензионираните генерали. Заедно постигнавме голем успех и видливи резултати”, рече министерката.

Петровска додаде дека целите на Здружението целосно се совпаѓаат со целите и визијата на Министерството за одбрана и изрази очекување заедничката работа да продолжи и во иднина.

Членството во НАТО е и ваша заслуга, рече министерката и ги повика членовите на Здружението да останат будни и со свои коментари, сугестии и критики да помогнат во развојот на одбраната и Армијата.

Генералот во пензија Павле Арсоски се заблагодари за поддршката од министерката Петровска и Министерството во обезбедување на простории за Клубот на генерали следните 10 години, како и за финансиската подршка и порача дека пензионираните и активни генерали, членови на Здружението продолжуваат да бидат активни во споделувањето на искуства и знаење во развојот на одбраната.

Клубот на генерали брои 33 членови. Здружението досега со помош на Министерството организираше поголем број на активности, вклучувајќи ја и минатогодишната научна конференција организирана по повод 30-годишнината на Армијата.

Останати активности:

10.10.2024
Клубот на генерали  оствари  средба со Собраниската Комисија за одбрана и бебедност
12.09.2024
Бригаден Генерал Дејан Чиплаковски назначен за командант на 1.пешадиска бригада