Помен за загинатите кај Вејце во 2001 година

На 28. април 2023 година, се одржа помен на загинатите војници пред кај месноста Вејце на Шарпланина од 2001 година, пред спомен обележјето во касарната Илинден. Поменот како и секоја година го организираше нивната матична единица, баталјонот за специјални намени-Волци.

По воведното обраќање на командантот на единицата и минута молк, делегација од Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ во состав генерал Павле Арсоски, генерал Мирослав Стојановски и генерал Зоран Димов, заедно со многубројните делегации од Армијата,МВР и роднините и пријателите. положија свежо цвеќе на спомен обележјето и им оддаоа почит за жртвата која ја дадоа за одбраната на татковината.

Оваа година се одбележува 22 годишнина од загинувањето на Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески и на уште четворица припадници на МВР кај месноста Вејце на Шарпланина во 2001 година и се одржува помен и сеќавање на ѕверскиот масакр кој е извршен над нив, после упаѓањето во заседата.

09.08.2023
Одбележување на 120 години од Илинденското востание
28.03.2023
Годишно собрание на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ