Симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес „Xуманитарен одговор 2023“

Црвениот крст на Република Северна Македонија, на ден 18.10.2023 во Скопје организираше симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес „Xуманитарен одговор 2023“.

Покровител на вежбата e Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а учествуваа институциите вклучени во Системот за кризен менаџмент, домашни и странски тимови од Црвениот крст. Црвениот крст својата сила ја добива од граѓаните и од волонтерите!

Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ претставувано од потпретседател на Здружението генералот Мухамет Рацај учествуваше во подготовките, организацијата и изведувањето на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“ во улога на член на Тимот за евалуација на вежбата

Главната цел на вежбата беше да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија во координираниот пристап за одговор при кризни состојби. Дополнителни цели се:

  • Промовирање на Националниот тим за прва помош на Црвениот крст на РСМ;
  • Промовирање на систем  за испорака на психо-социјална поддршка на ЦКРСМ,
  • Промовирање на систем за координацијата на невладините организации и граѓанското општество во случај на катастрофи и кризни состојби;
  • Подобрување на координација и комуникација на сите чинители за кризен менаџмент во државата.

Останати активности:

19.03.2024
Здружението „Клуб на генерали“ избра ново раководство
11.12.2023
Плакета и почесно членство за министерката Петровска од Клубот на генерали, во знак на благодарност за поддршката на ова здружение кое е важен дел од одбранбениот систем