Делегација на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ предводена од претседателот на здружението генерал Арсоски, секретарот генерал Димов и членот на надзорниот одбор генерал Сејдини, на 03.октомври 2022 година оствари работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во вилата Водно.
На средбата, генералот Арсоски го информираше претседателот Пендаровски за целите и програмските задачи на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ, за членството, за поважните активности на здружението кое оваа година одбележува јубилеј – 10 години од неговото формирање, како и за идните активности на здружението.
Претседателот Пендаровски се заблагодари на посетата, ја истакна важноста на делувањето на ваков тип на здружение во кое членуваат сите македонски армиски генерали, и тие во активна служба како и тие во пензија, а посебно ја истакна заложбата и работата на КЛУБОТ НА ГЕНЕРАЛИ во подготовката и издавањето на едно монументалното дело – „Монографија – Воени генерали од Македонија 1943-2017“.
Заклучокот од оваа средба е дека претседателот Пендаровски како врховен командант на вооружените сили на Републиката и понатаму ќе го подржува делувањето на Здружението Клуб на генерали во остварувањето на неговите програмски определби, во корист на националната безбедност и одбраната на државата.