Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ работи на остварување на пошироки заеднички интереси, а како посебни цели и задачи се:

– Развивање на свеста на јавноста и граѓаните за неопходноста од сопствен систем за одбрана на Републиката како и за придобивките од нашето членството во НАТО;

– Организирање на научни средби, конференции, манифестации и други настани во функција на одбраната и безбедноста на Републиката;

– Информирање на јавноста и граѓаните за актуелни воено безбедносни состојби во државата, регионот и светот и за нивното влијание на безбедноста и одбраната на Републиката;

– Учество во изработка на стратегиски документи од областа на безбедноста и одбраната по барање на Министерството за одбрана и генералштабот на Армијата;

– Соработка со надлежните државни органи, мистерства, дирекции и агенции, во подобрување и одржување на системот за одбрана на Републиката;

– Афирмирање на воената служба во Армијата и Министерството за одбрана меѓу младата популација на Републиката;

– Одбележување на значајни настани и јубилеи од нашата блиска и подалечна историја;

– Следење на законските и подзаконски прописи од областа на безбедноста и одбраната на Републиката;

– Издавање на публикации, монографии, брошури и други материјали за популаризација на Здружението, за војничката професија, за Армијата и одбраната, како и за афирмација на борбените и историски традиции на македонскиот народ и заедниците од Републиката;

– Соработка со сродни здруженија од Републиката и регионот;

– Грижа за статусните прашања, прават и обврските на членовите на Здружението.