Генерал-мајор Азим Нуредин е роден 1969 година во с. Дрeвеник Битолско. По завршување на основното образование во родното место се преселува на 10 годишна возраст во градот Ресен. Военото образование го започнува на Воената гимназија во Белград, потоа го продолжува на Воена Академија на Копнена војска каде првите три години ги завршува во Белград, а четвртата година ја завршува на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. По завршување на военото образование ја започнува воената кариера од самиот почеток на формирањето на Армијата, како командир на вод во гарнизонот Струмица. Во текот на воената кариера има извршувано повеќе командни и штабни должности, меѓу кои и должноста аѓутант на врховниот командант на Армијата, а од 18 мај 2018 година со Указ на Претседателот е назначен за Заменик началник на Генералштабот на Армијата.
Своето воено образование го надградува на постдипломски студии – Командно Штабна Академија при Воената Академија „генерал Михајло Апостолски“ во Скопје и Школото за Национална Одбрана која ја има завршено при Командата на Воените Академии на Вооружените сили на Република Турција во Истанбул. Има завршено повеќе курсеви од областа на обуката по НАТО стандарди во земјата и во странство, јазични курсеви по англиски и турски јазик, курс за односи со јавност како и други курсеви од делокругот на граничното обезбедување на државната граница и други. Има учествувано на конференции и семинари од областа на безбедноста и одбраната во земјата и странство, исто така има учествувано на повеќе воени вежби на специјални единици и единици на копнена војска во земјата и странство, а во текот на 2014 година учествува во мировната мисија ИСАФ како најстар национален претставник на Армијата. Генералот Нуредин во периодот од 2019 до 2021 година го раководеше процесот на воено пристапување и интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Во текот на кариерата, повеќепати е наградуван и пофалуван. Активно ги користи англискиот и турскиот јазик. Оженет и татко на две деца.
Претходни должности:
Унапредувања:
Ордени и обележја:
Странски јазици: