President Image

Насер СЕЈДИНИ генерал-потполковник

Роден е на 29 октомври 1957 година во село Лакавица, Гостивар, Р.Македонија. Во брак е со сопругата Алмира со која има две деца, синовите Омар (2013) и Кан (2015), а од претходниот брак со сопругата Накије, татко е на ќерката Лејла (1981) и синот Ерол (1983).
Основно образование завршил во 1972 година, а Гимназија во 1976 година. Морнаричка воена академија на ЈНА завршил во 1980 година во Сплит, Командноштабна академија во 1999 година во Скопје, а завршил и Школо за национална одбрана во Турција, во 2004 година.
Во чин потпоручник е произведен во 1980 година. Унапреден во чин поручник е во 1981 година, а во чин капетан во 1984 година. Во чин капетан 1. класа е унапреден во 1989 година, во чин мајор во 1993 година, во чин потполковник во 1998 година, во чин полковник во 2003 година, во чин бригаден генерал во 2006 година, во чин генералмајор во 2008 година и во чин генерал-потполковник е унапреден во 2015 година.

Во својата кариера, најпрвин, како припадник на ЈНА службувал во гарнизон Пула (1980 – 1992), а како офицер на АРМ продолжил на служба во: Кичево (1992), Гевгелија (1992 – 1995 и 1996 – 2000), Струмица (1995 – 1996), Скопје (2000 – 2004 и 2008 – 2015), Штип (2004 – 2008) и Куманово (2008), извршувајќи повеќе должности:

  • Офицер во сектор на Воена морнарица (1980 – 1981);
  • Помошник на командантот на патролен чамец (1981 – 1983);
  • Командант на патролен чамец (1983 – 1987);
  • Помошник на командантот за политички работи во 4. Наставен баталјон за врски (1987 – 1991);
  • Во периодот, од јуни 1991 до мај 1992 година, бил припадник на Збор на Народната гарда на Р.Хрватска (ЗНГ);
  • Помошник на началник на штаб за оперативно-наставни работи во АРМ (1992);
  • Командант на Граничен баталјон (1992 – 1997);
  • Началник на штаб, а воедно и заменик на командантот на пешадиска бригада (1997 – 2000);
  • Помошник офицер во секција за логистика (С-4) во ГШ на АРМ (2000 – 2001);
  • Началник на Г-5 во ГШ на АРМ (2001 – 2003);
  • Командант на Команда за обука (2003 – 2004);
  • Командант на 1.Пешадиска бригада во АРМ (2004 – 2008);
  • Заменик-командант на ЗОК (2008);
  • Заменик-началник на ГШ на АРМ, од 2008 година, па се до неговото пензионирање во 2015 година.

Во текот на службата, добивал бројни признанија и награди како потврда за неговата посветеност на службата, во насока на унапредувањето и усовршувањето на армијата како безбедносен државен субјект. Меѓу другото, награден е со Средна плакета на АРМ во 2005 година, а одликуван со:

  • Морнаричка значка во 1983 година;
  • Медал за воени заслуги во 1984 година;
  • Орден на Народната армија со сребрени мечеви во 1990 година.

Неговиот стручно-специјалистички труд „Лесна пешадиска бригада во одбрана, агресија од северна струмичко-вардарскиот правец” (1999), е воедно и дипломска работа за КША.