Роден е на 16 август 1955 година во Карловац, Р.Хрватска во семејство на воено лице. Од бракот со сопругата Маргарита има едно дете, синот Виктор (1986).
Основното образование го завршил во родниот град, а потоа и Гимназија во Скопје. Военото образование го започнал на Воената академија на Копнената војска на ЈНА во Белград, насока пешадија и ја завршил во 1981 година. Командно-штабна академија завршил во Скопје во 1996 година, а завршил и Висок воен колеџ на копнените сили на САД во 2000 година (Пенсилванија – САД), стекнувајќи се со научен назив „Магистер по стратегиски студии”.
Во чин потпоручник е произведен во 1981 година. Унапреден е во чин поручник во 1982 година, во чин капетан во 1985 година, во чин капетан 1. класа во 1989 година, во чин мајор во 1993 година, во чин потполковник во 1997 година, во чин полковник во 2001 година (вонредно) и во чин бригаден генерал е унапреден во 2006 година.
Во својата кариера, како припадник на ЈНА службувал во гарнизоните Битола (1981 – 1990) и Приштина (1990 – 1992), а како офицер на АРМ, продолжил во гарнизоните Битола (1992 – 1993 и 1994 – 1998), Скопје (1993 – 1994, 1998 – 2000, 2001 – 2004, 2009 – 2011) и Кичево (2000 – 2001). Исто така, службено престојувал и во странство, и тоа, во Брисел, Белгија (2004 – 2009) и Лариса, Р.Грција (2011 – 2013). Во 2013 година се враќа повторно во гарнизон Скопје и таму продолжил со својата служба, се до неговото пензионирање во 2014 година. Во сите овие гарнизони редоследно ги извршувал сите командни и лидерски должности од тактичко и оперативно-стратегиско рамниште:
Во текот на службата, како потврда за неговата стручна и професионална активност, а особено со своите заложби за потполна меѓународна афирмација и развој на армијата, добивал многу признанија, пофалници, благодарници и награди од соодветни високи авторитети, како од земјава, така и од странство, пред се од Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Романија и Турција. За особена соработка со НАТО, награден е со Плакета од претседавачот на Воениот комитет на НАТО, а добитник е и на признание за успешна меѓуармиска соработка со НР. Кина. Исто така, носител е на сертификат за воена соработка за време на операцијата “Enduring Freedom”, како висок воен претставник на Р.Македонија во Централната команда на САД (Тампа, Флорида). Меѓу другото, награден е со: медал за 40 години ЈНА во 1981 година, медал на трудот во 1985 година, медал за 50 години ЈНА во 1991 година, медал за достигнување – СЕЕБРИГ во 2013 година, сребрена значка за долгогодишна служба во АРМ.
Воено-стручната и специјалистичката наобразба ја стекнал, успешно завршувајќи низа курсеви од областа на одбраната, безбедноста, командно-штабните работи, менаџмент со ресурсите во одбраната, воената стратегија и доктрина, потоа, преку рамноправна партиципација на меѓународни вежби како НАТО вежбите: „ЕСПЕРИА – ‘97”, „ПРОМЕТЕУС – ‘98”, „ММСЈИЕ-СЕЕБРИГ/Седум ѕвезди – ’02 и ‘12”, „Силна решителност” и други,а исто така и со учествата на бројни меѓународни семинари, форуми и конференции на одбраната и безбедноста, во интернационални институции и школи од Холандија, Германија, Италија, Грција, Канада, САД, Норвешка, Бугарија, Хрватска, Белгија итн
Исто така, значајна е неговата улога за македонската армија, како известувач – претставник на Р.Македонија на состанокот „Тројка во рамките на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ” во Прага, Чешка Република.
Почесен член е на Сенатот на Пенсилванија (САД).
Учествувал во воено-борбените операции во војната во поранешна Југославија и во операции во борба против тероризмот во одбрана на Р.Македонија.