President Image

Бригаден генерал Орце ЈОРДЕВ

Бригаден генерал Орце Јордев е роден во 1972 година во Кичево. По завршување на основното и средното образование во родниот град, продолжува со воено образование на Воена Академија во Загреб, Белград и Скопје.

Воената кариера ја започна во специјалните единици  како Командир на вод во против терористичка чета каде 23 години со развојот на единицата се развива и неговата кариера. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски, штабни и командантски должности на ниво баталјон, полк- бригада, а од 2019 година со Указ на Врховниот Командант е поставен за Заменик командант на Здружена оперативна команда односно Заменик командант на Командата за операции.

Своето воено образование го надградува на Командно штабна академија во текот на 2004- 2006 година во Истанбул, Турција каде што заврши и Школа за национална одбрана во текот на 2015 година.

Има завршено повеќе курсеви во повеќе образовни центри во земјата и во странство, како курсевите за специјални единици, за тактика на мали единици, за алпинизам, за работа во штабови и команди, за планирање на вежби, за комуникација во кризи итн. Учествува на повеќе воени вежби на специјални единици и единици на копнена војска во земјата и странство.

Во досегашната служба честопати добива пофалби, награди и признанија за афирмација, унапредување и усовршување на Армијата, меѓу другото е одликуван со Медал за храброст од Претседателот на Република Македонија во 2011 година, Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка, Златна, Сребрена и Бронзена значка за придонес кон Армијата, Бронзена значка за 10 години и Сребрена значка за 20 години служба во Армијата. Активно го користи англискиот и турскиот јазик. Оженет, татко на две деца.

Претходни должности:

  • Командир на вод во Против терористичка чета од 1995-1996;
  • Командир на тим во Против терористичка чета од 1996-1998;
  • Заменик командир на диверзантска чета од 1998-1999;
  • Командир на Против терористичка чета од 1999-2001;
  • Офицер за операции во баталјон за Специјални Намени од 2001-2002;
  • Началник на С-3 во баталјон за Специјални Намени од 2002-2003;
  • Заменик на командантот на баталјон за Специјални Намени од 2003-2006;
  • Командант на баталјон за Специјални Намени од 2006-2012;
  • Заменик командант на полк за Специјални Операции од 2012-2015;
  • Командант на полк за Специјални Операции од 2015-2018;
  • Началник на Штаб во Здружена Оперативна Команда од 2018-2019;
  • Заменик на командантот на Здружена Оперативна Команда, од 2019.
  • Заменик на командантот на Команда за Операции, од 2019.

Унапредувања:

  • Потпоручник 1995-1996;
  • Поручник 1996-1999;
  • Капетан 1999-2001;
  • Капетан 1 класа 2001-2003;
  • Мајор 2003-2007;
  • Потполковник 2007-2012;
  • Полковник 2012-2016;
  • Бригаден генерал 2016.