Бригаден генерал Симеон ТРАЈКОВСКИ

Бригаден генерал Симеон Трајковски е роден 1969 година во Скопје. Завршува Општа средна воена школа „Братство и Единство“, 1987 година во Белград, а потоа и Воена академија на Копнена Војска, насока артилерија 1991 во Белград, Република Србија. Военото образование го надградува со постдипломски студии за командни и штабни должности на Ратната школа „Бан Јосип Јелачиќ“ во Загреб, Република Хрватска 2004-2005 година и Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, Италија, август од 2017 до февруари 2018 година. Дополнително се стекна со VII 2 степен на образование (МБА-Магистер по бизнис администрација, специјалист по стратегиски менаџмент) во 2013 година.

Својата воена кариера ја започнува од почетокот на осамостојувањето на Републиката и формирањето на Армијата, како командир на топовски вод, а во текот на неговата војничка кариера, извршува командни и штабни должности меѓу кои и офицер за планирање и обука во Ј-5 Здружената оперативна команда на НАТО во Брунсум, Кралство Холандија од 2006 до 2009 година.

Со указ на Претседателот на Република Северна Македонија на 28 февруари 2023 година е назначен за Директор на Генералштабот на Армијата.

Во досегашната воена кариера е пофалуван и наградуван од страна на командант на бригада, началник на ГШ на Армијата, Министер за одбрана и има добиено:  Пофалница во 2011 година и 2018 година; Наградно отсуство во 2010, 2011, 2017, 2018 и 2022 година; Парична награда во 2019 година и во 2021 година; Сребрена значка на Армијата  во 2012, 2013 и 2019 година; Златна значка на Армијата во 2015 година; Бронзена значка на Армијата во 2018 година; Средна Плакета на Армијата во 2021 година; Златна значка на Армијата за долгогодишна служба во 2022 година; Сребрена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка во 2022 година; Плакета на Министерството за одбрана во 2023 година; Значка „Генерал Михајло Апостолски“ во 2024 година.

Во текот на професионалната кариера, бригадниот генерал Трајковски завршува повеќе курсеви и обуки од кои позначајни се: Извршен семинар за сениори во Маршал Центарот во Гармиш Партенкирхен во 2024 година, Курс за лидери на 21-ви век, Гармиш Партенкирхен, Курс за НАТО Европска безбедност и соработка, 2001 година; CIMIC курс за мултинационални операции за поддршка на мирот, Кристони, 2003 година, Курс за управување и водење со одбраната, Охрид 2002; Програма за фамилијаризација за штабни офицери на партнерските земји, Брисел, 2003 година, Курс за одбранбена дипломатија, Охрид, 2004 година,  Извршен семинар за мултинационални операции, Охрид, 2005 година, Обука за Команди на комбинирани здружени наменски сили, Брунсум, 2006 година Курс за менаџмент во одбраната, Охрид, 2009 година, Курс за односи со јавноста ниво 1, Скопје, 2014 година и Курс за лидери на стратегиско рамниште, Будва, Црна Гора, 2014 година. Активно ги користи англискиот, српскиот, хрватскиот и делумно грчкиот јазик. Бригадниот генерал Трајковски е оженет и родител на две деца.

Претходни должности:

  • Командир на вод;
  • Командир на батерија;
  • Шеф на отсек за билатерална соработка со Европски земји во МО;
  • Извршител за соработка со земјите од ЈИЕ во одделение за соработка со ООН,ОБСЕ, меѓународни договори, билатерална и мултилатерална соработка во МО;
  • Советник за билатерална соработка во МО;
  • Офицер за планирање и обука во Ј-5 Здружената оперативна команда на НАТО во Брунсум, Кралство Холандија;
  • Извршен офицер во Кабинетот на НГШ на АРМ;
  • Заменик Шеф на Кабинет на НГШ на АРМ;
  • Началник на одделение за структура и интеграција на сили во Ј-5/ГШ на АРМ;
  • Началник на Ј-5/ГШ на Армијата.

Унапредувања:

Потпоручник (1991);

Поручник (1992);

Капетан (1995);

Капетан I класа (1999);

Мајор (2003);

Потполковник (2008);

Полковник (2013);

Бригаден генерал (2020).

Бригаден генерал Мирче ЃОРГОСКИ


Дата и место на раѓање:
07.11.1966, Охрид, Република Македонија.

Образование:

  • 1981, Основно училиште, Охрид;
  • 1985, Воена гимназија, Белград;
  • 1989, Воена академија на КоВ, Белград;
  • 1999, Курс по германски јазик, Центар за странски јазици на Германскиот Бундесвер, Хирт, СР Германија;
  • 2000, Курс за офицер за огнена поддршка – Артилериско училиште на Германскиот Бундесвер, Идар – Оберштајн, СР Германија;
  • 2000, Курс за командант на артилериски баталјон – Артилериско училиште на Германскиот Бундесвер, Идар – Оберштајн, СР Германија;
  • 2001, Курс за лидери на 21. век, „Џорџ Маршал“ Европски центар за безбедносни студии на САД – Гармиш П. Кирхен, СР Германија;
  • 2001, Курс за офицер за односи со јавноста – Шпиз, Швајцарска конфедерација;
  • 2002, Курс за цивилно-воени односи во мировни операции – Персонов Центар за поддршка на мирот – Нова Шкотска, Канада;
  • 2004, НАТО ориентационен курс за штабни офицери, НАТО училиште, Оберамергау, СР Германија;
  • 2005, ПДС-КШШ Воена Академија „Михаило Апостолски“, Скопје;
  • 2006, „CJTF“ Курс, во организација на НАТО Мобилниот тренинг тим (МТТ) од Неапол во Скопје;
  • 2010, Курс, „Стратегиска комуникација“ во ПзМ Центарот во Анкара, Република Турција;
  • 2011, Курс „Тероризам и медиуми“ во НАТО Центарот за совршенство во Анкара, Република Турција;
  • 2013, НАТО Одбранбен Колеџ (NDC), Рим, Република Италија;
  • 2018, Програма за високо раководство во процесот на донесување на одлуки во одбраната, Морнаричка школа за постдипломски студии, Монтереј, САД.

Учество на позначајни семинари и вежби:

  • 2001, Семинар за односи со јавноста во организација на НАТО (SHAPE) Букурешт, Романија;
  • 2002, Семинар за воен протокол во организација на Американскиот контакт тим во Македонија, Скопје;
  • 2003, Завршна вежба „Седум ѕвезди-2002“ Пловдив, Бугарија;
  • 2006, Семинар за образование и обука на офицерите во RACVIAC центарот во Загреб, Р. Хрватска;
  • 2006, Семинар „Однос помеѓу медиумите и безбедносниот сектор“ во RACVIAC центарот во Загреб, Р. Хрватска;
  • 2007-2009, Учество на вежба „Македонски Блесок“;
  • 2008, Семинар за односи со јавноста „Open up“ во Сплит, Република Хрватска;
  • 2009, Учество на вежба на НАТО „Steadfast Joist“ во JFC Неапол;
  • 2009, Учество на семинар за односи со јавноста во МО на Кралството Данска;
  • 2017, Годишен семинар на високи офицери – Женевски центар за безбедносна политика, Швајцарија;
  • 2018, Програма за стратешко лидерство, Академија за одбрана на Обединетото Кралство.

Воена кариера:

  • Командир на вод;
  • Командир на хаубичка артилериска батерија 105 мм;
  • Командир на минофрлачка батерија 120 мм;
  • Командир на Вод за обезбедување на Претседателот на Република Македонија;
  • Заменик на командант на хаубички артилериски баталјон 105 мм;
  • Офицер за протокол во кабинетот на Директорот на ГШ на АРМ;
  • Командант на питомечки баталјон во Воената Академија;
  • Офицер за планови во Одделението за планирање и интеграција на силите во Г3 на ГШ на АРМ;
  • Началник на Канцеларија за односи со јавноста и портпарол на ГШ на АРМ;
  • Аѓутант на Врховниот командант, 2015;
  • Командант на 1.механизирана пешадиска бригада, 2016;
  • Началник на Штаб во ЗОК.

Унапредувања:

  • Потпоручник (1989)
  • Поручник (1990)
  • Капетан (1993)
  • Капетан I класа (1997)
  • Мајор (2002)
  • Потполковник (2006)
  • Полковник (2010)
  • Бригаден генерал (2015)

Постигнати успеси во кариерата:

  • Парична награда од командант на Корпус (во поранешната ЈНА);
  • Пофалба од командант на бригада (во поранешната ЈНА);
  • Пофалба од командант на бригада (во АРМ за најдобра единица во гарнизон Охрид);
  • Наградно отсуство од командант на Корпус;
  • Пофалба од Министер за одбрана;
  • Наградно отсуство од НГШ на АРМ;
  • Златна значка на АРМ;
  • Сребрена значка за долгогодишна служба од МО.

Странски јазици:

  • Англиски;
  • Германски.

Брачна состојба:
Оженет и татко на 2 деца.

Мирослав СТОЈАНОВСКИ, генерал-потполковник

Трет Претседател на Здружението КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ

Роден е во Скопје во 1959 година. Основното образование го завршил во 1974 година, а на Воена гимназија во Белград (Србија) дилпомирал во 1978 година. Воената академија на копнена војска, смер пешадија ја завршил во 1982 година во Белград (Србија) и Сараево (БиХ). Военото образование го продолжил на Постдипломските студии за командно-штабни должности во Скопје каде дипломирал во 1996 година. Највисокот воено образование го комплетирал на Обранбениот колеџ на НАТО во Рим (Италија) во 1998 година.

Во1982 година бил произведен во чин потпоручник. Во чин поручник бил унапреден во 1983 година, во чин капетан во 1986 година, а во чин капетан 1. класа во 1990 година. Во 1991 година бил вонредно унапреден во чин мајор, а во чин потполковник бил вонредно унапреден во 1998 година. Во 2001 година со указ на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили бил унапреден во првиот генералски чин – бригаден генерал, во чин генерал-мајор во 2003 година, а во чин генерал-потполковник во 2006 година.

Во својата војничка кариера извршувал служба во повеќе гарнизони: во Белград-Србија (1982-1992) во Скопје (1992-2001 и 2003-2015), во Штип и Куманово (2001-2003).

Во текот на војничката служба ги извршувал следните должности: командир на вод, командир на чета на воена полиција, командир на противтерористичка чета, заменик командант на баталјон вена полиција, командантна 6-ти одред-единица за специјални намени, командант на 1.пешадиска бригада, командант на единицата за борба против тероризам, заменик началник на генералштабот и началник на генералштабот на АРМ. По пензионирањето ја извршувал должноста државен советник на министерот за одбрана за стратегиски и одбранбени прашања.

За време на армиската служба добивал бројни признанија и одликувања: медал за воени заслуги, медал „Легија на честа“ од државниот секретар за одбрана на САД, медал за почесен член на националната гарда на Вермонт на САД, сребрена значка на АРМ за долгогодишна служба, плакета на АРМ и голема плакета на сојузот на борци на Република Македонија.