Бригаден генерал Орце Јордев е роден во 1972 година во Кичево. По завршување на основното и средното образование во родниот град, продолжува со воено образование на Воена Академија во Загреб, Белград и Скопје.
Воената кариера ја започна во специјалните единици како Командир на вод во против терористичка чета каде 23 години со развојот на единицата се развива и неговата кариера. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски, штабни и командантски должности на ниво баталјон, полк- бригада. За време на воениот конфликт во 2001 година, командувал со Пртивтерористичка чета во Тетовско, Шар Планина и Кумановскиот крај, за што истата година вонредно е унапреден во чин капетан прва класа, а од 2021 година со Указ на Врховниот Командант е поставен за Советник на Началникот на Генералштаб за обука, вежби и научени лекции.
Своето воено образование го надградува на Командно штабна академија во текот на 2004- 2006 година во Истанбул, Турција каде што заврши и Школа за национална одбрана во текот на 2015 година.
Има завршено повеќе курсеви во повеќе образовни центри во земјата и во странство, како курсевите за специјални единици, за тактика на мали единици, за алпинизам, за работа во штабови и команди, за планирање на вежби, за комуникација во кризи итн. Учествува на повеќе воени вежби на специјални единици и единици на копнена војска во земјата и странство.
Во текот на воената кариера активно придонесуваше со предлози за измена на Законот за служба во Армијата, а како потпредседател на Репрезентативниот синдикат во Одбраната придонесе да се донесе новиот Колективен договор со цел подобрување на статусот, правата и обврските на вработените во Армијата и Министерството за Одбрана.
Во досегашната служба честопати добива пофалби, награди и признанија за афирмација, унапредување и усовршување на Армијата, меѓу другото е одликуван со Медал за храброст од Претседателот на Република Македонија во 2011 година, Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка, Златна, Сребрена и Бронзена значка за придонес кон Армијата, Бронзена значка за 10 години и Сребрена значка за 20 години служба во Армијата.
Активно го користи англискиот и турскиот јазик. Оженет, татко на две деца.
Претходни должности:
Унапредувања: